Крис Мидлтон беше побрз од звукот на сирената и со тројка во последната секунда му донесе важна победа на Милвоки бакс против Мајами хит. Домаќините славеа со 89-88 и направија вистинско чудо, бидејќи губеа во последната делница од мечот со 71-85. Со серија од 18-3 Бакс победија, ја сопреа серијата од 6 порази и го задржаа плејоф местото во Источната конференција. Со биланс од 35-36 тие се на шестата позиција во својата конференција.
Ерсан Илјасова беше најефикасен кај Милвоки со 19 поени, а на Мајами не им помогна ниту одличната партија на Двејн Вејд зачинета со 21 поен.
Возбудливо беше и во Сакраменто каде Кингс победија со 107-106 против Филаделфија. Демаркус Казинс доминираше со 33 поени и 17 скока, но играч на вечерта сешпак беше Монта Елис од Далас. Бекот на Маверикс уфрли 38 поени во триумфот против шампионот Сан Антонио од 101-94.
Резултати: Детроит – Торонто 108-104, Милвоки – Мајами 89-88, Далас – Сан Антонио 101-94, Оклахома сити – ЛА лејкерс 127-117, Сакраменто – Филаделфија 107-106, Портланд – Голден стејт 108-122.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.