Проблемите на мажите во кревет може да бидат директно поврзани со тоа колку добри им се односите со нивните мајки.
Истражувањето објавено во списание за сексуална медицина, покажува дека заладените односи со мајката, може да доведат до сексуални проблеми во подоцнежната фаза од животот на синот.
Истражувањето на Карловиот универзитет во Прага, покажува дека мајките имаат големо влијание врз љубовниот живот на своите синови. Во истражувањето учествувале 960 мажи на возраст меѓу 15 и 88 година, кои биле испрашувани за нивните сексуални навики, случаи на предвремена ејакулација и времетраење на сексот.
Истражувачите сакале да ја покажат врската помеѓу психичката состојба на мажите уште од деца и адолесценти, и како тоа влијае на нивната физичка состојба на долг рок.
Податоците покажуваат дека мажите кои имаат проблеми со нивните мајки е поверојатно тешко да се заљубуваат или долго да бараат соодветна жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.