| четврток, 6 декември 2018 |

И мажите ќе можат да раѓаат деца

0672238001449046296_510987_600x458_actualno

Истражувачи од Калифорнија официјално изјавија дека и мажите ќе можат да забременуваат и да раѓаат деца.
Според зборовите на Карин Чунг, репродуктолог од Универзитетот на Јужна Калифорнија, со правилно спроведена хормонска терапија и со успешна трансплантација на матка во телото на мажот, посилниот пол ќе добие можност да забременува и да раѓа деца.
Долго време научниците не успеваа да пресадат матка, но сега таквата операција стана реалност. Најкомпликуваната постапка е трансплантацијата на ембрионот во пресадена матка.
Истовремено со хормонската терапија, сепак, се поставува прашањето, од кој пол ќе биде оперираниот по сите терапии.
Најпопуларниот познат случај на науката е мажот што износи и роди дете, приказната на Томас Бити. Томас е транссексуалец и во минатиот живот бил многу позната девојка, манекенка.
Тој си направил операција за промена на полот, но бидејќи неговата девојка била неплодна, ги искористил старите можности на своето тело и родил дете откако веќе бил маж.
При промената на полот, Томас сакал да си ги остави женските полови органи, затоа ембрионот му бил трансплантиран во веќе постојна вагина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top