| четврток, 6 декември 2018 |

Русија нуди помош во спасувачката операција во Јужна Франција

­ Руското министерство за вонредни ситуации е подготвено да помогне во спасувачката операција на местото на несреќата на авионот ербас А­320 на француските Алпи, изјави денеска портпаролот на министерството.

Портпаролот истакна дека тим од 50 искусни спасувачи е подготвен да замине за Франција. ­ Тие учествуваа во операција за спасување во случајот со малезискиот боинг МХ370 во Јаванското Море и рускиот „Сухој суперџет“ во планините во Индонезија, нагласи портпаролот, јави ТАСС.

Авион ербас А­320 кој летал од Барселона до Дизелдорф се урна денеска во планинскиот дел во Јужна Франција. Германската авиокомпанија „Џерман вингс“, која е нискобуџетна филијала на „Луфтханза“, соопшти дека во авионот имало 150 лица, меѓу кои 144 патници и шест членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top