Руското министерство за вонредни ситуации е подготвено да помогне во спасувачката операција на местото на несреќата на авионот ербас А320 на француските Алпи, изјави денеска портпаролот на министерството.
Портпаролот истакна дека тим од 50 искусни спасувачи е подготвен да замине за Франција. Тие учествуваа во операција за спасување во случајот со малезискиот боинг МХ370 во Јаванското Море и рускиот „Сухој суперџет“ во планините во Индонезија, нагласи портпаролот, јави ТАСС.
Авион ербас А320 кој летал од Барселона до Дизелдорф се урна денеска во планинскиот дел во Јужна Франција. Германската авиокомпанија „Џерман вингс“, која е нискобуџетна филијала на „Луфтханза“, соопшти дека во авионот имало 150 лица, меѓу кои 144 патници и шест членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.