Големите американски филмски студија го сакаат Николас Спаркс, писателот на бестселер љубовни романи. По хитовите „Сѐ што сакам си ти“ (Dear John) и „Порака во шише“ (Message in a bottle) во кината пристигнува десеттата екранизација на негово дело и тоа на неговата последна книга „Најдолгото патување“ (The Longest Ride). На големите платна од 9 април ќе ја гледаме трогателната љубовна приказна која се занимава со предизвиците, но и со наградите за безусловната љубов.
Во „Најдолгото патување“ главни ликови се Лука (Скот Иствуд, син на легендарниот Клинт Иствуд), поранешен првак во јавање на бикови се обидува да ја врати старата слава и Софија (Брит Робертсон), студентка која штотуку ја добила работата од соништата во Њујорк.
„Најдолгото патување“ прикажува две приказни раздвоени од времето, но споени од судбината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура