Од засега непознати причини, четворица мажи, чиј идентитет сѐ уште не е утврден, вчера во скопската населба Шуто Оризари со автомобил пресретнале друг автомобил во кој имало тројца и веднаш ги нападнале со метални прачки. Еден од нападнатите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Според МВР, околу 23.50 часот, во Скопје, во населбата Шуто Оризари, на улица Македонско косовска бригада, четири непознати лица со автомобил марка „голф“ ги пресретнале С.С.(52), А.М.(59) и С.К.(40), кои се возеле со автомобил, физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и метални прачки по телото, од што А.М. се здобил со тешки телесни повреди на раката. На А.М. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје и се преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.