Судејќи спрема првите два и пол месеци, оваа 2015 година би можела да биде најопасна и најлоша година, објави Хајделберг институтот за истражување на меѓународни судири (HIIK).
Институтот објави анализа на судирите во 2014 и предвидувања за 2015 година.
Најтемно подрачје
– Најголемо и најтемно подрачје на мапата од кризни жаришта, секако, заземаат Блискиот исток и севрна Африка, во кои се наоѓаат голем број сунитски исламисти, организирани во неколку терористички организации како Исламска држава (ИД) или Боко Харам кои се заколнаа со верност на ИД. Опасни подрачја не се само оние во кои се водат отворени борби, како Сирија и Ирак, тука се и низа релативно мирни земји во кои постојат можности за напади. Токму како што се случи пред неколку денови во Тунис – тврдат од институтот.
Факт е, наведуваат, дека оваа година во нападите на ИД може да погинат повеќе луѓе од нападите во САД во 2001.
– Крвавата година започна со нападот во редакцијата на магазинот Шарли ебдо во Париз, кога се убиени 12 луѓе. Потоа следеа терористичките напади во Нигерија, кога терористите од Боко Харам убија повеќе од 2.000 лица. Нападите во овие два и пол месеци веќе однесоа неколку стотини животи. Јасна цел на ИД е да убијат што повеќе неверници – велат од ХИИК.
Расни немири во САД
Терористите се само дел од црната статистика, но многу значајно е тоа што во Средна и Јужна Америка со години се активни наркокартели чии методи на ширење страв често се многу слични со џихадистичките. Проценките се дека во последните десет години во нивните меѓусебни престрелки животот го загубиле повеќе од 50.000 луѓе.
Исто така, додават од институтот, постои закана и од расните немири во САД, какви што веќе избиваа во Фергусон, но и во други америкаснки градови. Секако, тука се и судирите во Украина, кои одново ја донесоа војната во Европа.
Најтешки настани
1. Шарли ебдо
Во нападот врз редакцијата на сатиричниот француски весник страдаа 12 луѓе
2. Сечење глави
Џихадистите постојано ѕверски егзекутираа и домашни и странски државјани
3. Масакр во Баг
Терористите на Боко Харам во местата Баг и Дорон Баг убија повеќе од 2.000 луѓе
4. Масакр во музејот „Бардо“
Во нападот во музејот „Бардо“ во Тунис убиени се 24 лица, поголем дел туристи од Европа
5. Крвопролевање во Сана
Бомбаши-самоубијци извршија напади во неколку џамии, каде беа убиени повеќе од 140 луѓе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро