| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа про­лет об­ле­че­те ко­же­ни пан­то­ло­ни

Ко­же­ни­те пан­то­ло­ни беа по­пу­лар­ни во се­зо­на­та есен-зи­ма, но мо­же­те да про­дол­жи­те да ги но­си­те и ­про­ле­тва

hitportaal-kozni-pantoloni

За об­ле­ка­та од ви­стин­ска или од ве­штач­ка ко­жа мо­же да се ка­же де­ка ре­чи­си ни­ко­гаш не из­ле­гу­ва од мо­да. Но, во пос­лед­ни­те две го­ди­ни таа по­втор­но го за­зе­де тро­нот ме­ѓу пар­чи­ња­та што се за­дол­жи­тел­ни

Ед­на од при­чи­ни­те по­ра­ди кои ко­же­на­та об­ле­ка до­би осо­бе­на по­пу­лар­ност е раз­во­јот на тех­но­ло­ги­ја­та за ве­штач­ка ко­жа (еко­ко­жа), ко­ја е мно­гу по­е­вти­на од ви­стин­ска­та ко­жа, па со тоа е и по­до­стап­на за по­ши­ро­ка­та по­пу­ла­ци­ја. Ед­ни од тие пар­чи­ња се и тес­ни­те ко­же­ни пан­та­ло­ни, кои че­сто се кро­јат ка­ко ими­та­ци­ја на тие од ви­стин­ска ко­жа.

Без­број ком­би­на­ции

Факт е де­ка ко­же­ни­те пан­та­ло­ни отсе­ко­гаш се сфа­ќа­ле ка­ко пред­мет на жен­ски­от се­кса­пил, за што, се­ка­ко, има и до­ка­зи. Но, тие во раз­ни ком­би­на­ции мо­же да изг­ле­да­ат ед­на­кво женс­тве­но и фан­та­стич­но, без ка­кви би­ло вул­гар­ни ко­но­та­ции.

Иа­ко це­ла­та ком­би­на­ци­ја има ле­же­рен, де­ло­вен или се­кси стил, тре­ба да се вни­ма­ва што да се ком­би­ни­ра со ко­же­ни­те пан­та­ло­ни.

Си­те же­ни што мис­лат де­ка тес­ни­те ко­же­ни пан­та­ло­ни ќе го откри­јат нив­ни­от ви­шок ки­ло­гра­ми, се ла­жат. Цр­ни­те тес­ни ко­же­ни пан­та­ло­ни со крој што му при­ле­га на ва­ше­то те­ло­то, ќе скри­јат не­кол­ку ки­ло­гра­ми од ва­ши­те кол­ко­ви и од но­зе­те.

До­бро вест е тоа што иа­ко овие пан­та­ло­ни беа по­пу­лар­ни во се­зо­на­та есен-зи­ма, мо­же да про­дол­жи­те да ги но­си­те и про­ле­тва сè до­де­ка тем­пе­ра­ту­ра­та не ста­не пре­ви­со­ка за но­се­ње ве­штач­ка, од­нос­но при­род­на ко­жа.

hitportal-kozni-pantoloni

Ко­же­ни пан­та­ло­ни и ви­со­ки пот­пе­ти­ци

Кол­ку е по­ви­со­ка пот­пе­ти­ца­та на ва­ши­те чев­ли, тол­ку по­до­бро ќе изг­ле­да­те во тес­ни­те ко­же­ни пан­та­ло­ни би­деј­ќи та­ка се соз­да­ва впе­ча­ток на дол­ги и на тес­ни но­зе.

На­про­лет, ко­га тем­пе­ра­ту­ра­та ќе се зго­ле­ми, овие пан­та­ло­ни ком­би­ни­рај­те ги со еле­гант­ни чев­ли со ви­со­ки пот­пе­ти­ци. За по­про­во­ка­ти­вен изг­лед, из­бе­ре­те чев­ли во бо­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top