Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.
Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден возач на мотоцикл и еден пешак.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Првата се случила во 15 часот и 10 минути на ул. „Симеон Кавракинов“, а втората во 22 часот на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ и сервисната улица што води кон гаражите на ЈП „Скопје“ – Ѓорче Петров. И во двете сообраќајни незгоди со потешки телесни повреди се здобиле по еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, осум возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, како и 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 91 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Јане Сандански“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.