Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денеска во Дом на АРМ во Скопје, ќе присуствува и ќе се обрати на Македонско францускиот форум од областа на вооружувањето.
На форумот, како што е најавено, ќе се обратат и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева и полковник Марсиал Трифен од француската Генерална дирекција за вооружување. Ќе учествуваат и претставници од неколку македонски и француски компании од одбранбената индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.