Не починал, ниту пак бил сменет од власт со преврат во Кремљ. Ниту пак се скрил, очекувајќи да запрат борбите за надмоќ помеѓу завојуваните банди од подмитувачи. Блед е и молчелив, но е несомнено жив, Владимир Путин минатата недела исплива во Санкт Петерсбург по загадочното десетдневно отсуство, што предизвика трескавични приказни за негово абдицирање – политичко и физичко. Ниту една од сомнителните шпекулации не изгледаше дека е вистинита, но – и тоа е доказ – повеќето звучеа можно во Русија, земја чии граѓани се склони да веруваат во конспиративни теории затоа што власта многу пати била нетранспарентна и затоа што Москва всушност бучи од конспирации.
Ако даден лидер е симбол на една држава, истото се однесува на историите и гласините кој тој ги поттикнува. А гласините за лидери можеби се и најслаткоречиви. Монарси кои се лекуват од скрофулоза (туберкулоза на лимфните јазли), императори полубогови и бесмртни како кралот Артур: легендите за владетелите се квинтесенции на надежите и стравовите на една нација. Кога – како што е случајот со Путин – тие водачи ќе се изгубат од погледите на јавноста, измислиците кои го пополнуваат вакуумот говорат онолку за јавното мислење и за политичката реалноста, колку и нивните зборови. Сетете се на неодамнешното исчезнување на севернокорејскиот вожд Ким Чен-ин, што изроди разноразни приказни за причните – од жестоки внатрешни борби до неговата опасна приврзеност кон сирењето ементал – како показ за гротескната нееднаквост и изнемоштената од глад земја.
Ако другите светски лидери изненадеа со хибернација како Путин, какви ли измислици и инсинуации би следеле? Еве некои идеи:
Барак Обама
Противниците на официјалната верзија за нападите во САД од 11 септември, ќе ја поддржат тезата дека Обама е ставен во изолација од своите манипулатори од Ал Каеда некаде во Хиндокуш;
Приврзениците на движењето Чајанка ќе кажат дека тој е на Куба, идеолошки обработен од својот другар Фидел Кастро (сте забележале ли дека двајцата никогаш не можете да ги видите во иста просторија?!). Неговите некогашни почитувачи ќе заклучат дека останал сам во Овалната канцеларија за да реши еднаш и засекогаш дали зголемувањето на контингентот на војници во Авганистан во 2009 година било добра идеја.
Франсоа Оланд
Цела Франција претпоставува дека претседателот западнал во длабока меланхолија заради својата љубовница. Порано или подоцна, на жандармеријата ќе и биде нарадено да бараат слабичок маж со очила, кој вози мопед. Преку јавен протест потрагата по мисје Оланд ќе ќе биде сопрена.
Дилма Русеф
Според соперниците, претседателката е во Венецуела и собира вредни искуства како да го претвори Бразил во следниот боливарски рај во Јужна Америка (се зборува дека Хуго Чавез ја благословил нејзината визита јавувајќи и се во сон како птица – обликот кој бесмртниот револуционер понекогаш го зема за да го утеши својот венецуелски наследник Николас Мадуро).
Кси Џинпин
Како и во 2012 година кога тој исчезна од погледите, социјалната мрежа Веибо беше преплавена од гласини дека кинескиот претседател станал жртва на пороците. Многу скоро потоа Веибо беше згасната.
Дејвид Камерон
На крајот неговата чопава коалициска влада не заврши којзнае колкава работа, така што ќе помине извесно време пред некој да забележи дека него го нема. Неговото отсуство нема да биде забележано на меѓународни собири за Блискиот исток или за Украина, затоа што и така тој не се појавува таму. Малкумина Британци ќе го забележат неговото отсуство и ќе претпоставуваат дека некаде се одмора или јава туѓ коњ. Нештата ќе станат појасни кога самобендисаниот лондонски кмет Борис Џонсон двосмислено ќе изјави дека не очекува, повторувам – не очекува да го заземе испразнетото место.
Ангела Меркел
Г-ѓа Меркел е незаменлив светски лидер. Таа нема право да исчезнува.
Извор: Економист – Лондон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.