| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер со македонско потекло со 200 км/ч се забил во тунел во Швајцарија

19-годишно момче со потекло од Македонија загинало во сообраќајна несреќа кај местото Швајцаерхале во Швајцарија откако со брзина со 200 километри на час се забило со автомобилот во тунел. Во несреќата се тешко повредени уште двајца Швајцарци, кои биле во друго возило.

nisan slika2

До несреќата дошло откако момчето со голема брзина влегло во тунелот, што било забележано и од безбедносните камери, по што загубило контрола над автомобилот. Прво удрило во „фолксфаген туран“, па во „мерцедес“, при што сериозно биле повредени еден 34-годишен Швајцарец и една  31-годишна Швајцарка.

nisan3

Момчето со тешки повреди било пренесено в болница, каде што починало.

Според медиумите во Швајцарија, момчето било родено во Македонија, а живеело со своите родители во Базел. Автомобилот во кој загинал бил марка „нисан ГТ-Р“, а го добил на подарок од својот татко пред неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top