19-годишно момче со потекло од Македонија загинало во сообраќајна несреќа кај местото Швајцаерхале во Швајцарија откако со брзина со 200 километри на час се забило со автомобилот во тунел. Во несреќата се тешко повредени уште двајца Швајцарци, кои биле во друго возило.
До несреќата дошло откако момчето со голема брзина влегло во тунелот, што било забележано и од безбедносните камери, по што загубило контрола над автомобилот. Прво удрило во „фолксфаген туран“, па во „мерцедес“, при што сериозно биле повредени еден 34-годишен Швајцарец и една 31-годишна Швајцарка.
Момчето со тешки повреди било пренесено в болница, каде што починало.
Според медиумите во Швајцарија, момчето било родено во Македонија, а живеело со своите родители во Базел. Автомобилот во кој загинал бил марка „нисан ГТ-Р“, а го добил на подарок од својот татко пред неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил