Бројот на загинатите во денешните повеќекратни бомбашки напади во Багдад се искачи на 19, а повредени се 36 лица, соопштија ирачки претставици.
Најголема експлозија одекна во прометната улица во Хабиби, во багдадската Садр Сити. Таму загинаа најмалку девет лица, а повредени се 22.
Друга бомба експлодира на пазар во Тараби, при што загинаа шестмина, а повредени се 14 луѓе.
Претходно, полицијата соопшти дека во северозападен Багдад активирана е бомба во близина на разузнавачкото одделение на Министерството за внатрешни работи, при што загинаа четворица – маж, жена и двтете нивни деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.