Многумина од нас ги мачи бавниот раст на косата. Ако сакате да имате што е посилна, погуста, поцврста и подолга коса, можете да си помогнете со сосема природна состојка, за која е докажано дека го спречува паѓањето на косата кај 87 проценти од случаите.
Верувале или не, станува збор за кромидот, кој е богат со сулфур, кој, пак, го стимулира производството на колаген, важна состојка за растот на косата.
Рецепт:
Исчистете 2 до 4 главици на кромид и исцедете ги или во блендер или во соковник. Во сокот додадете 1 лажица мед и измешајте.
Масирајте го скалпот со смесата и оставете да делува 15 минути до половина час. Мирисот е интензивен, но вреди да се издрже.
По третманот, измијте ја косата вообичаено со шампон. Третманот е потребно да се применува два до три пати месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


