| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ ќе пазари во Лондон?

Според пишувањата на англиските медиуми главна цел на ПСЖ во летниот преоден рок е ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Фантастичниот дански ас игра одлично оваа сезона и со тоа го привлече вниманието на европските гиганти, но засега клубот од Париз е најблиску до неговото доведување.
Постојат шпекулации дека токму Ериксен е противник да си оди од Лондон, но времето ќе покаже дали управата на Спарси ќе се сложи да го продаде и да заработи голема сума пари.
Данецот оваа сезона ги одигра сите 30 натпревари за Тотенхем, постигна девет гола и има две асистенции.
Според проценките на менаџерите цената за Ериксен изнесува околу 30 милиони евра и ако Тотенхем се реши да го продаде ќе заработи многу бидејќи тој пристигна во Лондон пред две години од редовите на Ајакс за сума од 12 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top