Претседателот на Литванија Далија Грибаускаите денеска го потпиша усвоениот минатиот четврток од парламентот закон со кој се одобрува привремено задолжителна воена обврска, јави ТАСС.
– Ова е важен и значеан чекор за зголемување на одбраната на земјата. Гарантирање на националната безбедност е важен приоритет – изјави претседателката.
Кон крајот на февруари Државниот совет за одбрана, раководен од Грибаускаите, излезе со иницијатива да се врати повлечената во 2008 година задолжителна воена обврска во земјата. Советот донесе одлука времено, за период од пет години, општата воена обврска да биде повторно воведена, со цел во тој период да бидат подготвени околу 16 илјади идни резервисти.
Според процените на литванската армија оваа измена ќе овозможи пополнување на деловите од единиците, кои моментно се пополнети само до половина, јави ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник
-
Косовската влада не отстапува од планост за формирање на војска
-
Бојана ми се жалеше дека свекрвата ја навредува, не се сложуваа – открива мајката на припадничката на војската
-
Како пукала два пати во себе: Семејството не верува дека трудната Бојана се убила пред свадба!