| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина повеќе магистри лани отколку во 2013 година

Звање доктор на науки во 2014 година здобиле 206 лица, што е помалку за 5,9 проценти во однос на 2013 година. Но, бројот на лица што минатата година станале магистри (2038) и специјалисти (156) е  зголемен за 31,8 проценти од претходната година, соопшти  Државниот завод за статистика.

Најголем број доктори се во областа на општествените науки, 41,8 проценти; потоа од техничко-технолошките науки (17,5 проценти); медицинските науки (15,5 проценти), а другите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките и биотехничките науки.

Докторска дисертација одбраниле 106 жени, односно 51,5 проценти од вкупниот број  лица, кои докторирале во 2014 година.

Најголем број од докторираните (47,1%) својата професија ја вршат во образовната дејност.

Магистри и специјалисти лани станале вкупно 2194 лица, од кои 2038 или 92,9 проценти се магистри и 156 или 7,1 проценти специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2013 годинa, е зголемен за 31,8 проценти.

Поголем број од лицата кои во 2014 година здобиле научен степен магистар на науки се жени (58,5 проценти).

Најголем број од магистерските трудови (1400 или 68,7 проценти) минатата година биле од областа на општествените науки, 15,2 проценти од техничко-технолошките науки, а останатите од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top