| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ги доби првите магистри во областа на современите композити и роботика

Компанијата Микросам, која е светски бренд и амбасадор на Македонија во светот во полето на производство на машини за напредна технологија, роботика и изработка на композитни материјали во авиоиндустријата, а воедно и омилен соработник на најголемите роботички технолошки гиганти од Јапонија, Кина, Индија, Русија, САД, Германијa, оваа година има навистина на што да биде горда.

Во Институтот успешно беа одбранети магистерските трудови во областа на современите композити и роботиката. До крајот на годинава предвидено е да магистрираат уште три студенти во истата област, а нивниот едукативен пат ќе продолжи на третиот циклус студии, со што ќе станат првите доктори на науки во оваа област во Македонија.

-Креираме знаменосци за следните современи научни битки, и тоа во светски размери. Овие млади луѓе ќе бидат идните носители на следните научни подвизи и достигнувања во оваа област. Нивната мисија продолжува во насока на едуцирање на другите вработени и подобрување на стручноста на целокупниот тим, служејќи како инспирација и мотив за генерациите што следат, напомена Проф. Д-р Благоја Самакоски, претседател на Микросам, кој не го криеше своето задоволство.

Институтот доби на популарност поради посебниот едукативно-научен пристап, базиран на модерни предавачки техники, мултимедијален пристап, алатки за мотивација, само-учење, но и благодарение на единствената лабараторија од ваков вид во регионот. Дополнително, од огромна помош на студентите им е и најголемата во регион дигитална библиотека на стручна литература, како и можноста за следење на директни real time презентации на врвни професори ширум универзитетите во САД и директна размена на искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top