Гувернерот на Окинава, Такеши Онага нареди запирање на изградбата на контроверзната американска воена база.
Онага, кој се бори против изградбата на воздушната база, е избран во ноември, победувајќи го својот претходник, кој ја поддржуваше изградбата на воената база „Футенма“, која сега се наоѓа во густо населената градска област, а треба да се премести во крајбрежна област.
На овој чекор Онага се решил откако за време на подводните истражувања, кои минатиот месец ги изврши Владата на Окинава, е откриено дека коралните гребени се оштетени со бетонскиот блок, кој потонал.
– Со оглед на тоа што дупчењето на карпите, очигледно, е извршувано надвор од областа за која е побарана дозвола, наредив да се запрат работите додека не се испита проблемот – изјави Онага.
Шефот на кабинетот на јапонскиот премиер, Јошиде Суга изјави во Токио дека овој чекор на Онага е за жалење.
– Градежните работи се извршуваат откако Онага се согласи со тоа. Не е возможно работите да се запрат – рече тој.
Околу половина од вкупно 47 илјади американски војници, кои се наоѓаат во Јапонија, се сместени на Окинава, архипелаг, кој има стратегиско значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.