| четврток, 6 декември 2018 |

Одземениот „Ајфон“ причина ќерката двапати да се обиде да ја убие својата мајка

iphone_6_malware530x290_210315_130708

Во американскиот град Денвер, Колорадо, уапсено е 12 годишно девојче, кое двапати се обидело да ја убие мајка си, бидејќи му забранила да го користи ајфонот.

Во почетокот на март девојчето сипало варакина во овошен коктел, кој го приготвила за својата мајка. Таа го пробала, по што побарала лекарска помош во локалната болница, пренесоа светските агенции.

Четири дена подоцна девојчето повторно сипало средство за белење во бокал со вода во родителската спална соба. Мајката го осетила мирисот на хлор и тогаш дознала дека нејзината ќерка планирала да ја убие заради одземениот ајфон.

Мајката се јавила во полицијата, која го одвела детето во центар за задржување на малолетници.

Во соопштението на полицијата за случајот, не се прецизира зошто мајката и го одземала ајфонот на својата ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top