| четврток, 6 декември 2018 |

Американските војници во Чешка под команда да не реагираат на провокации

size0На американските војници, кои во рамки на воените вежби на НАТО минуваат со оклопни возила низ пет посткомунистички членки на Алијансата, им е наредено никако да не реагираат на евентуални провокации и протести кои се очекуваат, пред се во Чешка.

– Добивме наредба во каква било ситуација да останеме мирни. Цивилните работи им ги препуштаме на цивилните органи. Низ територијата на Чешка конвојот ќе биде следен од чешко обезбедување, изјави мајор Мартин Крајтон од американската 4. пешадиска дивизија.

Конвојот на американската оклопна пешадија од вкупно 516 војници и 118 оклопни транспортери, се движи во три помали конвои кои ќе се сретнат и продолжат заедно во чешката база Вислеку следниот викенд.

Противници на НАТО и чешки проруски активисти веќе најавиле дека ќе настојуваат да го блокираат конвојот, а на социјалните мрежи се собираат за напад на конвојот со домати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top