Во Битола и денденес се чува споменот за убавата Елени Каринте, првата и неостварена љубов на Мустафа Кемал Ататурк. Приказната за балканските Ромео и Јулија е мотив турските туристи да минуваат илјадници километри за да ја посетата спомен-собата во битолскиот музеј, да се фотографираат под балконот на Каринте, но и да го читаат писмото што таа му го напишала на Ататурк.
До Кемал Ататурк,
некаде и некогаш!
Поминаа толку години, а јас ете уште секој ден чекам абер од тебе. Ако некогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве на хартијава… Годините си врват. Овдека се зборува за тебе. Нешто се случува.
Ако ги читаш овие редови додека љубиш некоја друга жена, искини го писмово и прашај ја неа дали верува дека некоја си Елени Каринте од Битола го поарчила цел живот за еден човек со кого била само еден ден. Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, не кажувај ѝ ништо, нека биде среќна ако си и ти.
Ако, пак, уште ја паметиш девојката од Балканот и не љубиш друга, знај дека те чекам. Ќе те чекам секој ден, цел живот… Знам дека ќе се вратиш, дека не си заборавил.
Татко ми умре. Има веќе цела година. Тој ден кога ме грабна од тебе, ме заклучи дома. Не ме пушти цел месец. Не плачев. Знаев дека џабе ќе се сите катанци и затвори. Човекот со кој тој сакаше да се земам го видов само еднаш. Ме праша дали некогаш ќе можам да го љубам… му реков: не! Си го љубам првото либе. Повеќе не го видов.
Татко ми никогаш не ми прости. Ни јас нему. Неколку дена пред да умре ме викна кај себе… рече: Знам дека згрешив, но знам и дека никогаш не бев добар татко. Не барам да ми простиш, не барај ни ти! Бог нека ни прости на двајцата. Сакав најдобро, а направив најлошо.
Татко ми не беше лош човек!
Не сум веќе млада и убава како тогаш.
Цел живот еден ден…
Вечно те сака и секогаш ќе те чека
вечно твоја
Елени Каринте
Прочитајте ја најголемата љубовна сага на овие простори тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.