| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица тешко повредени во две сообраќајки во Скопје

Sudar ruzveltova 1 (Custom)

Фото: Архива

Во текот на викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле 44 сообраќајки од кои две се со тешки телесни повреди.

Двете незгоди се случиле вчера. Едната во  во 01:50 минути на булеварот „Киро Глигоров“ во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл, а втората во 18:10 минути на булеварот „Словенија“ во која учествувале три патнички возила. Во оваа незгода со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи и еден сопатник, а со полесни повреди двајца сопатници.

Во останатите девет сообраќајки кои се случиле во текот на вчерашниот ден има причинето материјална штета.

Во саботата извршен е увид на 12 сообраќајни незгоди од кои осум со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда. Полесни повреди имале тројца возачи на патничко возило, еден сопатник, еден возач на велосипед и еден возач на мопед.

Во петокот се случиле 19 сообраќајки. Од нив, 10 со последица материјална штета и девет со телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, пет сопатници, двајца пешаци и еден возач на велосипед.

Сообраќајната полиција за време на викендот санкционирала 32 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 64 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 16 возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, 20 возачи кои го користеле мобилниот телефон или пак не го користеле сигурносниот појас и 16 пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Специјалното возило „пајак“ отстранило 113 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Јане Сандански“ во Чаир.

Се очекува сообраќајот денеска да се одвива тековно бидејќи не се најавени вонредни настани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top