Мирјана Санадер, сопруга на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, денес затвореник во еден од хрватските затвори, успешно ја гради својата кариера како научник. Именувана е за претседателка на Археолошкиот завод во одделот за археологија, на натпревар е избран нејзин проект, а организира и меѓународна конфренција на студенти по археологија.
Оваа жена се заколна на вечна љубови и сите тајни ќе ги понесе со себе во гроб, пишуваат хрватските медиуми. Секогаш во сенка на сопругот со кого заедно владееја шест години. Тоа беше време на просперитет и благосостојба. Но, поранешниот премиер заврши во затвор, а сопругата живее како дезертер во сопствнеиот дом. Им беа одземени уметничките дела, последниот спомен на некогаш моќното минато. Но, таа во прашливите археолошки експонати гледа нов живот.
– Во археологијата го наоѓам спасот – вели Мирјана Санадер.
Санадер, по сугестија на блиските, не сака да говори многу за минатото, а за нејзината работа вели дека е достапна на интернет. Не купува весници веќе шест години, бидејќи не сака да биде во контакт со дневната политика. Нејзино поле на интересирање е археолгоијата. Иако како сопруга на поранешниот премиер била придружник на диполматските патувања, се држеше со државници, министри и пратеници, денес животот и е поинаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.