| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Фенингер го одбрани големиот кристален глобус

Австриската алпска скијачка Ана Фенингер на последната трка возена во Мерибел во велеслалом го освои првото место со вкупно време од 2:26,91 минути и со тоа го одбрани големиот кристален глобус освоен минатата година. Најголемата конкурентка на Фенингер беше словенечката скијачка Тина Мазе која пред денешната трка заостануваше само два бода во генералниот пласман.
Фенингер максимално фокусирана влезе во трката, беше најбрза и по првото возење, па триумфираше пред Ева Марија Брем и Тина Мазе.
Мазе ја пропушти шансата да биде најдобра оваа сезона,а требаше само да биде подобро пласирана од Фенингер на последната трка.
Така, Фенингер успеа да стигне до вкупно 1553 бода, па Мазе мораше да се задоволи само со втората позиција, откако сезонава собр 1531 бод.
Ова е одлично заокружување на фантастичната сезона на Фенингер, која на Светското Првенство во Бивер крик стигна до златни медали во велеслалом и во супервелеслалом.
Фенингер оваа сезона го освои и малиот кристален глобус во велеслалом и во комбинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top