| четврток, 6 декември 2018 |

Екологисти ја чистеа реката Лепенец

288px-Лепенец_кај_Бардовци

Светскиот ден на водите беше одбележан со акција за прекугранично чистење на речното корито на реката Лепенец. Од македонска страна во акцијата се приклучи министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, а од косовската страна заменик министерот за животна средина Ферат Шала и градоначалниците на Качаник, Витина, Урошевац и Генерал Јанковиќ.

Екологистите упатија порака дека за заштита на заедничките природни добра потребна е соработка и координација на активностите на владините институции, но и на локалните самоуправи и локалното население.

– Еден од приоритетите на Владата на Република Македонија, а пред се на Министерството за животна средина и просторно планирање во областа на животната средина, е заштита на водните ресурси и интегрирано управување со речните сливови за што се неопходни заеднички, осмислени и планирани активности и мерки на сите државни, јавни и невладини организации, но и добра прекугранична соработка бидејќи само на тој начин можеме да оствариме одржив развој на речните системи кои ги споделуваме – изјави македонскиот министер Изаири.

Тој додаде дека Министерството има воспоставено добра соработка со државите со кои македонија дели заеднички природни добра, а потврда за тоа се активностите за заштита на Дримскиот Басен, Преспа Паркот, заштитата на Охридското Езеро и заштитата на реката Лепенец.

Аакцијата е дел од проект поддржан од Европската комисија, а чии партнери се граѓански асцијации од Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top