| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе добие 1,9 милијарди евра, ако ги исполни барањата на кредиторите

Athens, Greece

Грција ќе добие 1,9 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ), ако ги исполни барањата на своите кредитори, објави весникот „Гардијан“ на својот „Твитер“ профил, повикувајќи се на извори од ЕЦБ.

Грчкиот весник „Етнос“ пишува дека сумата од 1,9 милијарди евра ќе биде обезбедена од профитот на централните банки на земјите од еврозоната, кои поседуваат грчки обврзници.

Британскиот весник „Фајненшел тајмс“ пишува дека, ако партијата Сириза не го промени својот пристап, го турка грчкиот народ кон излез од еврозоната.

Според текстот, независно од грешките на кредиторите, грчките власти докажале дека се недоследни партнери во преговорите.

„Фајненшел тајмс“ остро го критикува грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис и немоќта на владата на Сириза да ги исполни обврските на Грција кон меѓународните кредитори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top