| четврток, 6 декември 2018 |

Марсел Хиршер е неверојатен, четврти пат по ред го освојува големиот кристален глобус

Младиот австриски скијач Марсел Хиршер влезе во историјата на алпското скијање со освојување на овогодишениот кристален глобус во генералниот пласман. Тој успеа по четврти пат едноподруго да го освои ова големо признание освојувајќи најголем број бодови во Светскиот куп. Хиршер на вчерашниот велеслалом го освои четвртото место што му беше доволно да ја зболеми предноста на 60 бодови пред најголемиот конкурент Кјетил Јансруд од Норвешка.
Јансруд на денешната трка во слалом нема да настапи бидејќи неговото правило е да никогаш не настапува во најтешката техничка дисциплина и со тоа му озвожи на 26-годишниот Хиршер на трка пред крајот се радува и за првото место во генералниот пласман.
Хиршер покрај освојување на големиот кристален глобус тој беше најдобар и во дисциплината велеслалом, а останува во трката и во слалом да се заќити со најсјаното одличје.
Сега Хиршер заостанува само еден кристален глобус засд легендарниот Марк Џирардели кој во својата кариера пет пати му се радувал на првото место во Светскиот куп.

– Официјално сум победник. Многу ми е мило, ова е неверојатно. Притисокот сега целосно исчезна – изјави Хиршер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top