| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчани застанаа зад Груевски и ВМРО-ДПМНЕ (фото)

dela-borba-5_thumb_medium500_281

„Нашите дела се нашата борба за Македонија“. Битола масовно застана зад оваа парола и даде масовна поддршка за премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера одржаа голем народен собир во градот на конзулите.

Груевски од Битола испрати неколку моќни пораки и презентираше низа мерки од кои директна полза ќе имаат граѓаните на цела Македонија и конкретно од битолскиот регион.

Нови мерки за вработување на лица над 35 години, високи суми за обештетување на поплавените подрачја, темелна реконструкција на битолската болница, нов трговски центар во Битола, најава за три нови фабрики и над 750 директни вработувања за битолчани и низа други политички пораки беа дел од говорот на премиерот Груевски.

Со својата масовност и големата поддршка, битолчани покажаа дека застануваат зад премиерот Груевски и неговите политики со конкретни дела, наспроти деструктивните сценарија на опозицијата кои се препознаени од народот и кои не наидуваат на никаква поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top