| четврток, 6 декември 2018 |

Луксузниот живот – моќна пропагандна алатка на ИД

Пропагандната машинерија на терористичката организација Исламска држава се обидува да привлече што повеќе луѓе, па на интернет создава лажна слика за идиличен живот во калифатот, пишува Индепендент.

isis-iraq

Џихадистите на друштвените мрежи ја претставуваат својата територија како утопија, место за уживање и мирен идиличен живот во семејна атмосфера со одлично расположение.

Поради медиумски неатрактивниот материјал кој се користи за таква пропаганда, експертите велат дека таа можеби е најопасното оружје од арсеналот на ИД, бидејќи поминува „под радарот“ на западната јавност.

„Индепендент“ пишува дека екстремистите често на друштвените мрежи објавуваат фотографии на кои се гледа луксуз, „уживање“ во сирискиот град Рака, како и снимки кои покажуваат дека во калифатот се ценат фамилијарниот живот и рамноправноста на сите.

dzihadistkinje 1

Чарли Винтер од британскиот истражувачки центар Квилијум вели дека на овој начин џихадистите сакаат да изградат нормална слика за остатокот од светот, цо цел да привлечат странци за да им се приклучат.

– Голем дел од оваа пропаганда е незабележан во западните медиуми, а причината е тоа што содржината не е контроверзна. Меѓутоа, тој е и тоа како важен кога ќе се земе во обзир што ИД сака да постигне – вели Винтер.

Тој вели дека пораката е многу јасна и дека ИД се обидува да му покаже на светот дека „тие веќе не се само терористичка група, туку држава, вистинска политичка машинерија“ и додава дека намерата е Исламската држава да се прикаже како утопија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top