Киселата вода ги вади дамките од сладолед, глицеринот помага при дамки од кечап, а детергентот ги вади мрсните дамки…
Непријатните дамки на облеката можете да ги отстраните по природен пат.
Белка од јајце против дамките од трева
За дамките од трева најдобро решение се оцетот и белките од јајце. Белката изматете ја, нанесете ја на дамката, втријте добро па исперете. Белката најдобро чисти дамки од бела ткаенина, а оцетот е за оние потврдокорните дамки. Доволно е на исфлеканиот дел од ткаенината да втриете мешавина од алкохолен оцет и вода и оставете да делува 15 минути. Потоа исперете ја облеката со детергент кој содржи ензими кои ги разградуваат протеините и ги чистат дамките.
Бебешка пудра и глицерин против дамки од кечап
На дамките од кечап најдобро е веднаш да нанесете бебешка пудра и оставете да се исуши. После тоа исчеткајте ја дамката и исперте ја облеката на вообичаен начин. Кај дамки од кечап и домат исто така помага и мешавина од вода и глицерин во сооднос 1:1. Облеката наквасете ја со смесата, нека отстои малку, па исперете. Одлично решение е и детергентот за миење садови. Нанесете директно на дамката, втријте, па исперете во машина.
Сладоледот се чисти со кисела вода
Облеката со дамка од сладолед треба веднаш да ја натопите во минерална вода, или обична ладна вода, па потоа исперете.
Ладна вода против дамки од крв
Свежата крв од облеката се вади со ладна вода. Но ако дамката е веќе сува, најдобро е да ја намокрите облеката во раствор од сода бикарбона и ладна вода.
Детергент за садови против масни дамки
Во отстранување на масните дамки треба да избегнувате вода, затоа што така дамката ќе стане уште потврдокорна. Доволно е облеката да ја превратите наопаку и на дамката да нанесете средство за отстранување дамки или обичен детергент за миење садови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.