Колумбиските власти и припадници на американската Агенција за борба против наркотици запленија повеќе од пет тони кокаин на брод, што пловел под панамско знаме во водите меѓу Никарагва и Костарика.
Заплената е резултат на заедничка истрага на колумбиските и американски власти, соопшти денеска обвинителот од Колумбија, Алехандро Ладино. Во акцијата се уапсени 14 лица на бродот, а запленети се вкупно 5.284 килограми кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.