| четврток, 6 декември 2018 |

Интелигенцијата се менува со годините

Многу од животните вештини и способности кај човекот се на својот врв во дваесеттите години од животот, но ниту по овој период не оди се надолу барем кога станува збор за некои од карактеристиките на интелигенцијата, тврда психолозите од американскиот универзитет Масачусетс Институт оф Технолоџис (MIT) во студијата објавена во списанието „Психолоџикал сајнс“ (Psychological Science).

Новото истражување покажало дека со годините луѓето не стануваат само помудри, туку во некои области дури и поинтелигентни. За да се утврди на кој начин интелигенцијата се менува со годините, психолозите MIT и од општата болница во Масачусетс спровеле тестирања на 48.547 испитаници на возраст меѓу 10 и 89 години, коишто ги посетувале интернет страниците GamesWithWords.org и TestMyBrain.org. Притоа, на корисниците м биле понудени јазични тестови, тестови за интелигенција и меморија, препознавање на емоции, на работната меморија, нумеричките вештини и вокабуларот.

Научниците утврдиле дека, во зависност од дефиницијата за интелигенцијата, различните способности достигнуваат кулминација во различен период од животот. Помладите учесниците во истражувањето на возраст на 19 и 20 години постигнувале подобри резултати во нумеричките вештини, а работната меморија се покажала најдобра кај испитаниците во средните триесетти.

Утврди е и дека способноста за брзо размислување, односно брзината со којашто мозокот ги обработува информациите, ткн флуидна интелигенција, го доживува врвот околу 18-та а стагнира околу 40-та година од животот.

Дваесетгодишниците покажале многу добри резултати на тестот за препознавање на емоциите дури и со кус поглед на фотографија или нечии очи, а таа способност се зголемувала до 48-та година, по што полека почнува да опаѓа. Речникот, очекувано, се подобрува со годините, а врвот го досегнува меѓу шеесеттата и седумдесеттата година. Притоа, во студијата се истакнува дека нема никаква знаци за опаѓање на оваа способност.

Резултатите укажуваат и на фактот дека дела различните видови интелигенција својот врв го достигнуваат во разни животни периодот, заклучуваат авторите на студијата Џошуа Хартсхорн и Лора Гермин.

– Во секој животен период во некои работи станувате сé подобри, во други полоши, а во некои стагнирате. Треба да се знае дека не постои животен период во кој сме најмудри, најдобри и најинтелигентни во сé“, изјави за Business Insider водачот на истражувањето и научник од одделот на MIT за когнитивни науки и мозок, Џошуа Хартсхорн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top