Кадаифот е многу интересен и вкусен десерт, кој никако нема да ве остави рамнодушни. Или ќе си речете – ова нема врска од благо, дајте нешто конкретно или ќе замолите дома почесто да ви го подготвуваат, а не само за празници. Се прави лесно и брзо, а марифетот е да ја погодите врелината на шербетот кога се истура врз кадаифот. За побогат вкус, секогаш е добро да додадете малку ореви и суво грозје. И, се разбира, тркалца исечкан лимон.
Кога бевме деца, кога ќе нѐ послужеа со кадаиф, се прашувавме како овие конци станале олку вкусни? Што им истуриле во нив за да бидат олку благи? Подоцна, разбравме дека кадаифот се купува од истото место каде што се купуваат и кори за гибаница или за штрудла. И кога мајките ќе го купеа од пазар, така завиткан во бела хартија, личеше на облаче. Големо, бело облаче, кое потоа ќе стане вкусно, благо.
Кадаифот е десерт што има ориентално потекло. Сѐ што има шербет (вода и шеќер) спаѓа во ориентални слатки, како што се тулумбите, баклавата, шеќер-паре и слични слатки во кои уживаме со голема сласт. Посебно, за тие што сакаат повеќе шеќер, не е доволно благо ако не ти се цеди шербетот по брадата додека јадеш!
Состојки:
500 грама кадаиф
100 милилитри масло за јадење
1,5 литар вода
1 пакетче ванила
1 кг шеќер
200 грама ореви
100 грама суво грозје
1 лимон
Подготовка
Кадаифот се реди во тава и се попрскува со масло за јадење. Се додаваат оревите и сувото грозје. Лимонот се сече на парчиња и се реди во кадаифот. Така нареден во тавата се пече еден и пол, до два часа во рерна затоплена на 150 Целзиусови степени.
Во тенџере се става еден и пол литар вода и се додава шеќерот. Шербетот се вари 20 минути, на тивко, сѐ додека не стане жолт и густ.
Откако ќе се испече кадаифот, се вади од рерната и се остава да се олади. Ладниот кадаиф се прелева во оладен, млак шербет. Тоа е и тајната на кадаифот, на ладен кадаиф да се додаде оладен шербет за да не се залепат конците од кадаифот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст