| четврток, 6 декември 2018 |

Кадаиф

Ка­да­и­фот е мно­гу ин­те­ре­сен и вку­сен де­серт, кој ни­ка­ко не­ма да ве оста­ви рам­но­душ­ни. Или ќе си ре­че­те – ова не­ма вр­ска од бла­го, дај­те не­што кон­крет­но или ќе за­мо­ли­те до­ма по­че­сто да ви го под­го­тву­ва­ат, а не са­мо за праз­ни­ци. Се пра­ви лес­но и бр­зо, а ма­ри­фе­тот е да ја по­го­ди­те вре­ли­на­та на шер­бе­тот ко­га се исту­ра врз ка­да­и­фот. За по­бо­гат вкус, се­ко­гаш е до­бро да до­да­де­те мал­ку оре­ви и су­во гроз­је. И, се раз­би­ра, тр­кал­ца исеч­кан ли­мон.

Ко­га бев­ме де­ца, ко­га ќе нѐ пос­лу­жеа со ка­да­иф, се пра­шу­вав­ме ка­ко овие кон­ци ста­на­ле ол­ку вкус­ни? Што им исту­ри­ле во нив за да би­дат ол­ку бла­ги? По­доц­на, раз­брав­ме де­ка ка­да­и­фот се ку­пу­ва од исто­то ме­сто ка­де што се ку­пу­ва­ат и ко­ри за ги­ба­ни­ца или за штруд­ла. И ко­га мај­ки­те ќе го ку­пеа од па­зар, та­ка за­ви­ткан во бе­ла хар­ти­ја, ли­че­ше на об­ла­че. Го­ле­мо, бе­ло об­ла­че, кое по­тоа ќе ста­не вкус­но, бла­го.

kadaif-parjen

Ка­да­и­фот е де­серт што има ори­ен­тал­но по­тек­ло. Сѐ што има шер­бет (во­да и ше­ќер) спа­ѓа во ори­ен­тал­ни сла­тки, ка­ко што се ту­лум­би­те, бак­ла­ва­та, ше­ќер-па­ре и слич­ни сла­тки во кои ужи­ва­ме со го­ле­ма сласт. По­себ­но, за тие што са­ка­ат по­ве­ќе ше­ќер, не е до­вол­но бла­го ако не ти се це­ди шер­бе­тот по бра­да­та до­де­ка ја­деш!

Со­стој­ки:

500 гра­ма ка­да­иф

100 ми­ли­ли­три мас­ло за ја­де­ње

1,5 ли­тар во­да

1 па­кет­че ва­ни­ла

1 кг ше­ќер

200 гра­ма оре­ви

100 гра­ма су­во гроз­је

1 ли­мон

Под­го­то­вка

Ка­да­и­фот се ре­ди во та­ва и се по­пр­ску­ва со мас­ло за ја­де­ње. Се до­да­ва­ат оре­ви­те и су­во­то гроз­је. Ли­мо­нот се се­че на пар­чи­ња и се ре­ди во ка­да­и­фот. Та­ка на­ре­ден во та­ва­та се пе­че еден и пол, до два ча­са во рер­на за­топ­ле­на на 150 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни.

Во тен­џе­ре се ста­ва еден и пол ли­тар во­да и се до­да­ва ше­ќе­рот. Шер­бе­тот се ва­ри 20 ми­ну­ти, на ти­вко, сѐ до­де­ка не ста­не жолт и густ.

Отка­ко ќе се ис­пе­че ка­да­и­фот, се ва­ди од рер­на­та и се оста­ва да се ола­ди. Лад­ни­от ка­да­иф се пре­ле­ва во ола­ден, млак шер­бет. Тоа е и тај­на­та на ка­да­и­фот, на ла­ден ка­да­иф да се до­да­де ола­ден шер­бет за да не се за­ле­пат кон­ци­те од ка­да­и­фот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top