| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши реконструкцијата на каналот за отпадни води во Арачиново

Во општина Арачиново денеска беше предаден во употреба реконструираниот канал за отпадни води со кој се очекува трајно решавање на проблемот со загадувањето.

На настанот присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази.

Министерот Изаири истакна дека за здрава животна средина не се доволни само проекти од страна на државата, туку уште повеќе е потребна секојдневна грижа на секој поединец и одговорен однос кон животната средина.

За реализација на проектот Министерството за животна средина и просторно планирање од својот буџет обезбеди средства во висина од 89 милиони денари и ја подготви целокупната документација потребна за неговата изведба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top