| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да знаете ако сакате да смувате Балканка

Балканската блогерка Ирис Миланова, која најчесто пишува шеговити текстови, објави листа на работи што, според неа, треба да ги знаете ако сакате да се забавувате со жена од Балканот.

1. Облекувајте се убаво

Никогаш нема да задржите девојка од Балканот крај себе ако не знаете да воочите разлика меѓу темни брендирани фармерки и фармерки кои сте ги купиле на распродажба.

2. Со себе носете пари

Балканите не сакаат евтино. Затоа треба сред ноќ да знаете да ги наброите најдобрите модни брендови.

3. Бидете подготвени да чекате додека таа да се подготви

Сте решиле да се забавувате со девојка од Балканот затоа што таа е една од најзгодните девојки кои сте ги виделе. Затоа бидете трпеливи додека ја чекате.

4. Не бидете љубоморни

Бидејќи се забавувате со убавица од Балканот постојано ќе и се додворуваат. И тоа ќе биде долго, дури и кога ќе има годинки ­ затоа подобро навикнете се.

5. Таа сака накит и парфеми

Воспитана е да сака преубави работи, убави мириси и скап накит. Бидете подготвени да и го овозможите тоа.

6. Носете ја во кафулиња, клубови и на одмори

Кога се забавувате со згодна Балканка таа знае дека е згодна и многу време, труд и (твоите) пари вложува во својот неверојатен изглед. Таа сака да се расфрла со него, па очекува да биде изведена на некои луксузни места, на кои меѓу најдобрите ќе биде најдобра.

7.Сака да носи црна боја

Да, сите девојки од Балканот неофицијално ја сакаат црната боја. Црната боја е актуелна во сите годишни времиња, па ако девојката ви се „зацрни“ не приговарајте што не носи весели бои.

8. Научете географија

Не дозволувајте да се доведете во ситуација девојка од Бугарија да ја прашате дали е од Боливија, а Србинка дали е од Хрватска.

9. Дома секогаш имајте алкохол

Балканките сакаат да пијат алкохол. Тие, всушност, имаат најиздрживи црни дробови. Сакаат силни пијалаци, па секогаш имајте пристојно количество вотка, ракија и виски.

10. Научете да ја сакате музиката од нејзината татковина

Иако можеби сака да слуша хаус и хип хоп, во крвта и е ритамот од Балканор и одвреме­навреме ќе посака да ужива во музиката од својот крај. Мора да бидете спремни на тоа.

11. Таа е дама на улица, ѕвер во кревет

Ако сакате жена која ќе можете да ја однесете на деловен состанок и која нема да ве посрамоти, туку ќе направи да изгледате подобро, а која во четири ѕида, во креветот, ќе биде неверојатна, жената од Балкан е вистинскиот избор. Таа буквално ќе ви го смени животот од корен, на подобро.

Извор: Жена блиц

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top