-Набавена и инсталирана е најсовремена медицинска опрема за Клиничката болница во Битола во вредност од над 6 милиони евра, меѓу кои и ангиограф за интервентна кардиологија, апарат за компјутеризирана томографија, апарат за магнетна резонанца, аналоген мамографски систем, апарат за литотрипсија, кардиолошки ултразвук, гинеколошки ултразвучен 4D ехо апарат, инкубатори за недоносени новороденчиња со пациент монитор, и останата опрема- посочи премиерот Груевски од народниот собир во Битола, од каде укажа и на други проекти насочени кон подобрување на здравството.
-Набавен е и акцелератор во вредност од 1.700.000 евра, и рентген-апарат во вредност околу 100.000 евра. Во тек е изградба на бункер за инсталирање на акцелератор за радиотерапија ,средства во износ од 47 милиони денари. Набавени се и 4 нови возила за Итната Медицинска Помош. Со проектот рурален доктор се овозможи здравствена заштита во 51 населено место во Битола, меѓу кои се и Карамани, Кишава, Крклино, Лавци, Лажец, Лисолај, Логоварди, Оптичари, Поешево, Трново, Црнобуки, Ѓавато, Жабени, Злокуќани, Кажани, Канино, Кременица, Стрежево и многу други населени места- посочи Груевски.
Груевски најави и нова инвестиција во Клиничката болница во Битола
-Сакам да потврдам дека во Битола е планирана новаинвестиција во Клиничка болница во вредност од 90 милиони денари за реконструкција и подобрување на болницата. Објектот ќе добие енергетски ефикасна фасада, изолација и промена на сите прозори, промена на лифтовите и реновирање на тоалетите. Ќе биде извршена адаптација на стационарот, со оформување на двокреветни соби на дел од шестокреветните соби и со изведба на нови санитарни јазли. Треба да биде завршена до октомври 2016. Ова се средства коишто ги обезбедивме од остварените заштеди со домаќинско и транспарентно работење на владата и министерството за здравство.
Претседателот на Владата на народниот собир во Битола посочи и на инвестициите во РЕК Битола, патната и железничката инфраструктура,
-Се модернизираа агрегатите на РЕК Битола, проект вреден 56 милиони евра. Со тоа се зголеми нивната моќност и се продолжи животниот век за следните 25 години. Во последните 4 години Реконструирани се 13 локални патишта во вкупна должина од 34 километри и инвестициска вредност од околу 2 милиони евра, меѓу кои се патиштата до населените места Поешево, Братиндол, Олевени, Велушина и Ротино, патот Кукуречани – Црнобуки, патот Граешница – Кишава и патот Долно Оризари – Карамани – Трн. Во 2015 г. ќе се градат 3 локални патишта со вкупна вредност од 32,7 милиони денари, и тоа: с. Горно Оризари-с.Крклино( прв дел), во вредност од 25 милиони денари, с.Кажани-с.Ѓавато. Ќе се изврши надградба на патниот правец Голема ливада-Х.Молика – Пелистер. Во 2014 година се изработи проектна документација за рехабилитација на магистралниот пат Битола – Ресен – Буково во должина од 27км.Финансиските средства за рехабилитација на патот се обезбедени од Светска Банка. Проценетата вредност е околу 10 милиони евра. Реализација 2015–2016 година. Градежните работи ќе траат 12 месеци. Она што за Битола ќе значи е што летово ќе започне градба на патот кон Скопје на најлошиот потег од Прилеп до Росоман кој ќе се направи во експресен пат од 4 ленти. Тоа ќе му значи секому кој почесто или поретко паатува кон Скопје и од безбедносен аспект и од брзина и комодитет на патување. Ќе остане само оној дел меѓу Битола и Прилеп, кој за среќа е многу побезбеден и полесен одколку оној кај Плетвар, но и на овој дел ќе му дојде редот.Ние работиме плански и по приоритети.
-Владата ја обезбеди финансиската конструкција за операционализација и модернизација на пругата од Битола до Кременица. Инвестицијата е во висина од околу 20 мил.евра, 85% од ИПА фондовите и 15% буџетско кофинансирање. По спроведената тендерска постапка, склучени се договорите со избраниот изведувач и надзор и се очекува веќе во месец април или мај 2015 да се отпочне со градежни активности. Проектот ќе се реализира во рок од 18 месеци. Со реализацијата на овој проект се овозможува и железничко поврзување на индустриската зона Жабени. По реализација на проектот Битола-Кременица Коридорот 10д ќе биде оперативен Пан-европски коридор, а не локална железничка линија која завршува во Битола, туку ќе продолжува и ќе се поврзува понатаму на кракот на Пан-европскиот Коридор 4, кој ги поврзува Грција и Турција и завршува на пристаништето Игуменица. Владата ги обезбеди и средствата за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничката станица во Битола. Кон крај на април/почеток на мај 2015 започнуваме и со овој прокт и се очекува градежните да завршат во рок од 7 месеци.
-Во Битола е изграден новиот Дом за стари лица Сју Рајдер во Битола, инвестиција вредна над 50 милиони денари. Изградена е голема спортска сала во склоп на Битолскиот универзитет, како и три училишни спортски сали и две фудбалски игралишта, како и едно повеќенаменско спортско игралиште. 23 основни и средни училишта се реконструирани и санирани. Изградени се и две модуларни училишта во с. Крклино и с. Карамани. Изградени се 79 станови за социјално ранливи категории на граѓани- додаде Груевски.
– Реконструирани и изградени се повеќе водоводии канализации, а легализирани се над 6500 објекти. Изготвена е проектна документација за гасификација на потег Битола-Неготино. Реконструирана и надоградена е Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски. Во Центарот за култура беше инсталирана нова дигитална кино опрема во вредност од 110.000 евра. За Битолскиот театар набавена е и нова сценска, светлосна и тонска опрема.
годинава ќе се работи на конзервација и реставрација на фасадите на музичкото училиште, гимназијата и безистенот.Годинава над 370 битолски пензионери ќе им се овозмозжи бесплатен престој во бања, а за 200 битолски пензионери годинава ќе добијат бесплатни туристички викенди.
Премиерот посочи и на започнувањето на проектот “Попуст до 50% на билети за ученици и студенти (до 27 години)” на релација Скопје-Битола и обратно, што секако многу ќе ја подобри и олесни комуникацијата меѓу двата града за оваа категорија граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер