-Во Битола инвестираше Kromberg & Schubert, вредноста на инвестицијата е 25 милиони евра и 2200 директно вработени кои произведуваат делови за Ауди, BMW и Фолксваген. Владата донесе одлука за пренесување на касарната во Битола (земјиштето) на општина Битола. Сега таму градат 8 фирми. Градат станбени објекти, деловен центар во кој ќе има и трговски центар. – Продадени се и 78 парцели за индивидуални куќи. Индустриската зона Жабени се изгради со инвестиција на Владата и општината Битола во вредност од 4,7 милиони евра. Во индустриска зона Жабени продадени се 38 градежни парцели. Издадени се 10 одобренија за градба. Канадската компанија “Cosmic development” штотуку отвори своја канцеларија во Битола со вработување на информатичари.
Денес сакам да најавам нови убави и позитивни моменти за Битола, продолжи Груевски.
-Американска компанија котирана на Њујоршката берза од областа на outsourcing на бизнис услуги потпиша договор со Владата минатата недела за отворање на своја компанија во Македонија, во Скопје и Битола. Со проектот се планираат 2000 вработувања, од кои најмалку 500 во канцеларијата во Битола.Името на компанијата ќе се објави кога таа ќе одлучи.
-Турската компанија Chelmak Agricultural Machinery купи градежна парцела во индустриската зона Жабени, Битола со вкупна површина од 24.000 м2. Компанијата ќе гради погон за производство на земјоделска механизација, каде се очекува производството да започне до крајот на 2015 година. Предвидени се повеќе фази, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра, и вработување на 150 лица во три години.
-Во Кравари, Битолско, се планира инвестиција во најсовремена фабрика за производство на чипс во регионот која ќе извезува во цела Европа и ќе обезбеди вработувања на над 100 лица. Купена е парцелата, фабриката ќе започне со производство во текот на годината.
Во Жабени се продадоа уште неколку парцели за градење фабрики, а постои интерес од неколку други компании за инвестиции во Битола и битолско, со кои преговорите на тимот за инвестиции се во тек.
Тоа е нашата борба за секое ново работно место, и ништо нема да дозволиме да не дефокусира од таа наша цел која е од интерес за сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)