| четврток, 6 декември 2018 |

На 127 години почина најстарата жена во светот

 Во Мексико на 127- годишна возраст почина Леандра Бекера, која веројатно беше една од најстарите жени во светот, соопшти службата што ја потврди нејзината старост.

Бекера била родена во северната мексиканска држава Тамаулипас, на 31 август 1887 година, а починала вчера во својот дом во Сапопан, во западната држава Халиско.

Таа не фигурирала на списокот на највозрасни луѓе во светот бидејќи не располагала со официјални документи, посочија од Националниот систем за интегрален семеен развој.

Не се даваат информации за причината за нејзината смрт.

Нејзиниот 70-годишен правнук Самуел Алвеар изјави дека таа едноставно престанала да дише.

Бекера често пати му раскажувала за мексиканската револуција од 1910 година, кога правела тортиљи за војниците и дека во текот на револуцијата се сретнала со легендарниот генерал Панчо Виља.

Бекера имала пет деца, сите веќе починати, и вкупно 161 потомци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top