Во 1985 година Рон и Меј Хол го губат својот дом во пожар, но она што е неверојатно е што уметничката слика „Момче што плаче“ останала сосема недопрена…Повеќе од 100 сопственици на ова неверојатно уметничко дело имале слично искуство. Без разлика колку бил голем пожарот кој го искусиле, сликата секогаш останувала буквално недопрена.
„Момче што плаче“ е дело на италијанскиот сликар Бруно Амадиа, познат и како Џовани Браголин. Особено популарна била во периодот околу 1950 година, кога се продавала ширум светот.
Постојат многу нејзини варијанти, како со момчиња, така и со девојчиња. Уште оттогаш, сликата ја следи урбаната легенда дека е неуништлива.
Така на пример, на 4 септември 1985 година, за весникот „Сан“, еден пожарникар пријавил дека пронашол неоштетени копии од сликата, и тоа во многу од куќите во кои одел да гаси пожари.
Мистеријата доби смисла откако Стив Пант, британски писател и комичар, реши да ја истражи клетвата која ја следи „Момче што плаче“, и да ги објави резултатите во својата радио-емисија.
Погледнете го видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.