Навивачите на Барселона подготвуваат спектакуларна кореографија за новото Ел класико, односно за вечното шпанско дерби со Реал Мадрид, а 98 илјади гледачи ќе бидат дванаесеттиот играч на Каталонците.
Токму дресот во боите на Барса со број 12 ќе биде еден од главните детали во кореографијата што ја подготвуваат симпатизерите. Симболично, тие се дванаесеттиот играч од трибините за Барселона и нивната поддршка ќе биде адут повеќе за домашниот тим во дуелот со лутиот ривал Реал Мадрид.
Натпреварот ќе се игра во недела од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



