Поголема група младинци нападнале дваесет и шестгодишно момче и двајца тинејџери на возраст од 15 и 16 години во дворот на основното училиште „Андреа Савевски – Кикиш“ во Тетово.
Инцидентот се случил во четвртокот во 12.40 часот, а повредените се здобиле со телесни повреди во пределот на главата и на телото.
Преземени се мерки за расчистување на настанот и во текот на денешниот ден ќе биде извршен разговор со лица за кои постои сомневање дека го извршиле физичкиот напад, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.