Со манифестацијата Поетско пладне, Македонскиот ПЕН-центар и Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ денеска традиционално ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата.
Свеченоста ќе се одржи точно напладне, во НУБ „Свети Климент Охридски“. Годинава, поетското слово од Македонија ќе го упати поетот Владимир Мартиновски, а свои стихови ќе читаат поетите/поетесите: Влада Урошевиќ, Димитар Башевски, Тодор Чаловски, Ристо Лазаров, Ефтим Клетников, Катица Ќулавкова, Михаил Ренџов, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ферид Мухиќ, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Санде Стојчевски, Паскал Гилевски, Весна Ацевска, Олга Арбуљевска, Бранко Цветковски, Вера Чејковска, Илхами Емин, Линдита Ахмети…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.