Поранешниот конзервативен австралиски премиер Малколм Фрејзер, кој земјата ја водеше од 1975 до 1983 година, почина на возраст од 84 години, објави вчера неговата канцеларија.
Фрejзер, 22-от премиер на Австралија, почина во својот дом по кратка болест, се додава во сооштението во кое не се наведуваат други детали.
– Неговата смрт претставува голем шок за сите кои го сакаа и познаваа, се наведува во соопштението.
Фрejзер почина само пет месеци по својот претходник на местото претседател на австралиската Влада, лабуристичкиот лидер Гоуг Витлам. Со смртта на двајцата заврши една ера во австралиската политика и едно од најпознатите политички ривалства во историјата на Австралија, оценија аналитичарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.