| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Опозицијата не успева да ја продаде својата приказна

eftov500Опозицијата не успева да ја продаде својата приказна. Мора да имате одредена стратегија како тоа го правите, значи генерално имате угинување за странски заговор, смета новинарот Васко Ефтов, кој во емсијата „Акцент“ на Македонската-радио телевизија, посочи дека СДСМ  сакаат да предизвикаат интерес на меѓународната заедница на повисоко ниво.

– На линк на телевизија Телма кога е директен пренос вие го појавувате Кире Наумов кој бил директор на Агенција за разузнавање, значи малку политичка вештина треба да вклучите, дека не можете бивш директор на Агенција за разузнавање да вклучувате на линк да дава политички ставови, кога другата страна, односно Власта ве обвинува за странски заговор во рамки на Р.Македонија. Втора работа дава интервју за бугарски Фокус каде газда и основач е човекот кој бил агент на бугарско воено разузнавање Красимир Узунов и таму кажува дека се прислушкувани два американски амбасадори, па нема амбасадор во светот што не е прислушкуван, посочи Ефтов.

Според него, токму затоа амбасадорите  одат на обуки во Министерство за внатрешни и надворешни работи пред да одат на своја мисија во одредена држава и  имаат криптирани телефони и шифрирана азбука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top