| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сомалија убиен лидерот на Ал Шабаб

убиен

Министерството за одбрана на САД потврди денеска дека е убиен лидерот на екстремистичката група Ал Шабаб, Адан Гарар во Сомалија, јави Би-Би-Си.

Гарар е осомничен за напад врз трговскиот центар во Најроби во 2013 година во кој загинаа 67 луѓе.

САД веруваат дека Гарар надгледувал операции кои за цел имаат државјани на САД и останати западни држави.

Пентагон смета дека Гарар бил член на безбедносниот и разузнавачки центар и клучен оперативец одговорен за координирање надворешни операции на ал Шабаб.

Операцијата во која е убиен тој била во близина на градот Динсур, 240 км. западно од Могадишу. Во операцијата бил користен дрон опремен со ракети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top