Хилари Клинтон е водечки кандидат на Демократската партија на следните претседателски избори во САД, иако поддршката за нејзината кандидатура во партијата се намали поради скандалот околу употребата на приватната електронска пошта додека беше државен секретар.
Според анкетата спроведена од Ројтерс/Ипсос, поддршката за Клинтон меѓу демократите од средината на минатиот месец се намали за 15 отсто, а моментно како главен претседателски кандидат на партијата ја поддржуваат 45 проценти.
Откако во 2008 година во трката за лидерска позиција во Белата куќа загуби од Барак Обама, таа ќе се обиде да ги освои претседателските избори во 2016 година, а објавувањето на кампањата се очекува до следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.